spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Сабриу - Младите се силата која може да го трансформира Балканот,...

МСПДМ: Сабриу – Младите се силата која може да го трансформира Балканот, нивната енергија, креативност и ентузијазам се тие кои ја одредуваат сегашноста и иднината

Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“ во организација на  ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и партнерите. На настанот присуствуваа покрај високи претставници на меѓународните и граѓанските организации и млади од Западен Балкан.

Во своето обраќање пред присутните, Сабриу ја нагласи важноста на конференцијата во поглед на темата, земајќи предвид дека станува збор за исклучително важна категорија на граѓани во секое општество – младите.

„Сите ние кои денес се одваживме и сме дел од овој настан, сме луѓе кои веруваат во потенцијалот на младите и силата која ја носат за настанување на промените во нашите заедници, нашето општество. Оваа конференција е важна не само заради темата за дискусија, туку и заради посветеноста во изградбата на поразлична иднина – иднина во која младите се целосно вклучени во процесите на одлучување,“ рече Сабриу.

Тој посочи дека, Балканот како регион со богата и долга историја, има и многу предизвици. Тој се осврна на промените во светот и глобалните предизвици кои сите ги чувствуваат, како што се климатските промени, миграцијата, нееднаквоста и брзината на развојот на технологијата, а кои не може да се решаваат без активна улога на младите. Во таа насока порача дека  младите луѓе во никој случај не смеат да бидат пасивни набљудувачи, туку активни чинители кои водат и ги креираат политиките кои  ја обликуваат иднината.

„Заедно водиме“ не е само слоган, туку и порака за обединување на силите, за споделување на идеи, за создавање на соработка која ќе го поттикне регионалниот развој и ќе создаде позитивни промени. Како што покажуваат бројните примери од Балканот, кога младите  се здружени и кога ги вмрежуваат  своите идеи и амбиции, се постигнуваат големи резултати. Ние, мора да го цениме тој потенцијал и да го насочиме во корист на нашите заедници и на целиот регион. Верувам дека и младите ќе бидат многу задоволни од искористување на нивниот потенцијал за колективната добросостојба.

Тој ја посочи конференцијата како вистинска прилика за споделување на искуства и оттука да произлезат  конкретни планови за акција.

„Младите се силата која може да го трансформира Балканот. Нивната енергија, креативност и ентузијазам се тие кои ја одредуваат сегашноста и  иднината. Затоа, мораме да продолжиме да работиме заедно, да се поддржуваме и да се бориме за една поразлична, подобра и поконструктивна иднина,“ рече Сабриу.

На крајот, заврши со порака до младите:

„Вие сте двигателот во општеството. Вашиот глас, идеи и дела имаат моќ да го променат светот. Не дозволувајте да бидете потиснати или да се двоумите да учествувате во процесите кои ја обликуваат вашата заедница. Вклучувањето во општеството не е само право, туку и одговорност. Не стравувајте од донесување на одлуки или пак изразување на сопствениот став.  Ја имате нашата поддршка, заедно можеме да изградиме попрогресивно, инклузивно и праведно општество, а вашето учество е клучно за тоа.“

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Карпош: Босанскиот Велемајстор Денис Кадриќ е победникот на овогодинешниот меѓународен...

0
Со освоени осум поени, босанскиот Велемајстор Денис Кадриќ е победникот на овогодинешниот меѓународен турнир во забрзан шах „Карпош Рапид 2025“, кој се одигра викендов...