spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити се сретна со директорот на секретаријатот на енергетската заедница Артур...

МЖСПП: Меџити се сретна со директорот на секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Г-н Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии.

Министерот Меџити информира дека владината процедура за усвојување на предлогот на Законот за климатска акција е во тек, и дека се работи на адресирање на коментарите и мислењата добиени од институциите за што се одржаа средби со различни институции.


Во однос на постапките за оценка на влијанието врз животната средина, министерот Меџити истакна дека  стои зад решенијата кои не се во спротивност со начелата за заштита на животната средина и биолошката разновидност.

Двајцата соговорници разменија мислења за исполнувањето на Европските барања според Директивата за оценка на влијанието врз животната средина, статусот на Законот за климатска акција и механизмот за мониторинг, известување и верификација на емсии на стакленички гасови, како и други прашања од заеднички интерес.

Двајцата соговорници се заложија за унапредување на веќе добро воспоставената соработка.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Ѓорче Петров: Реконструкција на клучни улици

0
Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на коловозите на улиците Никола Вукмировиќ и Вера Циривири Трена, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри и должина од 650 метри. Овие...