spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Трипуновски оствари средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги

МЗШВ: Министерот Трипуновски оствари средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги

Денеска во рамките на Унгарско-македонски владин самит, во Будимпешта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари конструктивна средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои што се соочува секторот земјоделство.

„Во текот на разговорот со министерот Иштван Наги се согласивме дека е потребно да се продлабочи соработката помеѓу двете министерства“, додаде министерот Трипуновски.

На средбата беше истакнато дека Унгарија е пријателска земја и силен поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграцискиот процес.

„Да ја интензивираме соработката помеѓу двете институции, да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи“, додаде министерот Трипуновски, при што посочи дека фокусот на соработката со Унгарија е подобрување на одржливоста на земјоделското производство.

Извор: Влада

Прочитајте

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

0
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко...