spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски направи увид во изградбата на фудбалскиот стадион

Илинден: Градоначалникот Георгиевски направи увид во изградбата на фудбалскиот стадион

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности во реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Илинден. Оваа реконструкција на стадионот која се спроведува во неколку фази, Општина Илинден ја реализира во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во рамки на проектот во првата фаза се врши целосна промена на фудбалскиот терен со негово проширување и поставување на нова вештачка трева, поставена е нова заштитна ограда, поставување на дренажа и одводнување на фудбалскиот терен, со што ќе се добие професионална подлога за одржување на фудбалски натпревари.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека изградбата се одвива со предвидената динамика, и додаде дека граѓаните на општина Илинден и фудбалерите ќе добијат модерен и квалитетен фудбалски стадион на којшто ќе можат да се одржуваат натпревари од највисок ранг согласно критериумите и правилата на УЕФА. Дополнително со проектот е опфатено да се изградат соблекувални, административни и помошни простории, нова трибина со капацитет од околу 1000 гледачи, осветлување на фудбалскиот стадион, партерно уредување на просторот со паркинг места како и хортикултурно уредување на просторот на околу стадионот.

Согласно предвидената динамика и активности сите овие градежни работи се планираат во фази да бидат реализирани до крајот на 2025 година. Изградбата на фудбалскиот стадион во Илинден е уште едно исполнето предизборно ветување пред граѓаните на општина Илинден, на градоначалникот Георгиевски.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: Ова се први индикации дека одиме во правилна насока, преку...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП,...