Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Целта на посетата на министерот е имплементација на проектот на министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома“.
Градоначалникот го информираше министерот дека Општина Илинден во рамки на овој проект веќе отпочна со реализација на проектите: Изградба на нова улица 19 во Јака, изградба на мост и сервисна улица 500 во Марино, реконструкција на локален пат Бујковци-Мршевци, како и изградба на дел од фекална канализација во Кадино.
Градоначалникот и министерот остварија средба во Домот на култура „Илинден“ со членовите на општинскиот совет, како и заентересирани граѓани од општината кои имаа прашања, но и дадоа суфестии кои ќе се искористат во насока на подобрување на квалитетот на секојдневието во Илинден.
Извор: Општина Илинден