spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Објавен Јавен повик за субвенции на велосипед

Илинден: Објавен Јавен повик за субвенции на велосипед

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување на субвенции за купување на велосипеди. Јавниот повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година, предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.

Целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за користење на велосипеди, а износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 24.02.2025 до 30.04.2025 година.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Прилог PDF: ЈАВЕН ПОВИК за доделување на еднократна парична помош за купување на велосипед во 2025 година за граѓаните со живеалиште на подрачје на Општина Илинден

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: Ова се први индикации дека одиме во правилна насока, преку...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП,...