spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски - Родителите и Наставниците - Клучни во борбата против...

Ѓорче Петров: Стојкоски – Родителите и Наставниците – Клучни во борбата против БУЛИНГОТ

Во Домот на културата во Општина Ѓорче Петров, во рамки на кампањата „Стоп за булингот“ на „Макпетрол“, се одржа моќна трибина со фокус на родителите и наставниците како клучни фигури во превенцијата и решавањето на врсничкото насилство. На настанот присуствуваа родители од сите шест основни училишта во Општина Ѓорче Петров, а беше воден од актерот Сашко Коцев.

Градоначалникот Александар Стојкоски ја нагласи важноста на заедничките напори во борбата против булингот. „Родителите и наставниците се првата линија на одбрана. Нивната улога е незаменлива во создавањето на безбедно и поддржувачко опкружување за нашите деца“, истакна Стојкоски.

На трибината учествуваа и психологот Деспина Стојановска, Соња Палчевска Ќосева од Општина Ѓорче Петров, педагогот Валентина Алексовска и психологот Гордана Несторова. Беа разгледани причините и последиците од врсничкото насилство, како и практични решенија за негово спречување.

Минатата година фокусот беше на учениците, а сега акцентот беше ставен на родителите и наставниците, кои се клучни во препознавањето и справувањето со булингот.

„Ова е само почеток. Ќе продолжиме со вакви иницијативи за да осигураме дека секое дете ќе има можност да расте во средина полна со разбирање и поддршка“, додадоа од Општина Ѓорче Петров.

Искрена благодарност до сите учесници!

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МДТ: Андоновски – Ниту еден чекор на оваа Влада нема да...

0
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот...