spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работилница за имплементација на Националната стратегија за спречување на корупцијата и...

ДКСК: Работилница за имплементација на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судир на интереси (2021-2025) и патоказ за развој на нова антикорупциска стратегија (2026-2030)

Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со Бирото на Обединетите нации за дрога и криминал (UNDOC) и Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI), а со поддршка на Австриската агенција за развој и соработка, организираше Работилница со засегнати страни за имплементација на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судир на интереси (2021-2025) и патоказ за развој на нова антикорупциска стратегија (2026-2030).  

На работилницата присуствуваа претставници на државните органи и институции вклучени во имплементација на Национална стратегија, претставници на меѓународните организации во земјава како и на граѓанското општество и приватниот сектор.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска во своето обраќање нагласи дека Националната стратегија не е само сет на насоки или теоретска рамка. Таа претставува активен и проактивен пристап за спречување на корупцијата преку практични мерки и политики. Стратегијата има јасно дефинирани цели и приоритети кои се фокусираат на клучни области во кои корупцијата најчесто се појавува, како што се јавната администрација, судството, јавните набавки и други витални сектори.

Од особена важност е активната вклученост на сите чинители во изготвувањето на Национална стратегија 2026 -2030 година, особено  проактивната улога на Собранието што ќе даде значителна сериозност и тежина на процесот на исполнување на препораките од истата, додаде претседателката Димитровска.

Претседателката Димитровска заклучи дека успехот на Националната стратегија не е само успех на ДКСК, туку тоа е успех на целото општество. Тој успех зависи од посветеноста на сите: владини функционери, институции, приватниот сектор, невладиниот сектор и граѓаните. Со комбинирање на експертизата која ја имаме, поддршката од меѓународните партнери и граѓанскиот сектор, политичката волја и напредокот во технологијата, можеме да креираме трајни и ефикасни решенија за борба против корупцијата.

Свои воведни обраќања имаа и  г. Љупчо Пренџов, Претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г-а Десислава Готскова, претставник од Регионалната антикорупциска иницијатива и  Н.Е.Г. Мартин Паммер, Амбасадор на Австрија во Република Северна Македонија, кои ја истакнаа важноста на Националтата стратегија како сеопфатен документ и сет на мерки во насока на ефикасна борба против корупцијата и ја реафирмираа заложбата и поддршката на ДКСК за изготвување на нова клалитетна и јасна стратегија.

На работилницата беа презентирани имплементацијата на Националната стратегија за 2024 година, анализата за причините за нискиот степен на реализација на активностите од Националната стратегија  како и плановите и активностите за изготвување на новата Национална стратегија.

Претставниците на граѓанските организации имаа свои обраќања во однос на рефлексиите од граѓанското општество и приватниот сектор за имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судир на интереси 2021–2025, а воедно изнесоа свои предлози и препораки за процесот на изготвување на новата стратегија.

На работилницата се разви конструктивна дискусија во однос на предизвиците за исполнувањето на активностите од актуелната Национална стратегија и се разменија идеи во насока на изготвување на нова квалитетна, јасна и спроведлива Национална стратегија.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте