spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Известување за асфалтирање на дел од улица 8 во н.Илинден

Илинден: Известување за асфалтирање на дел од улица 8 во н.Илинден

Почитувани,

Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, се работи фазно и етапно на реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден.

За таа цел ги известуваме граѓаните дека на ден 10.03.2025 год. (понеделник) во периодот од 09:30 до 16:00 часот, ќе се врши асфалтирање со втор слој на асфалт на делот од улица 8 од пред здравствениот дом во н.Илинден до апреката Ника фарм во должина од 350 метри.

Во овој период во целост ќе биде затворен овој дел на улицата и сообраќајот ќе биде пренасочен по алтернативните локални улици.

За таа цел апелираме за разбирање и соработка како и внимателност при движење во сообраќајот, почитувајќи ја воспоставената траса на движење и одвивање на сообраќајот.

Ви благодариме за соработката.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МДТ: Андоновски – Ниту еден чекор на оваа Влада нема да...

0
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот...