spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Се асфалтира улицата „Румена Хаџипанзова“ и нејзините краци во Драчево

Кисела Вода: Се асфалтира улицата „Румена Хаџипанзова“ и нејзините краци во Драчево

Се асфалтира улицата „Румена Хаџипанзова“ во населбата Драчево и нејзините краци, со што конечно се решава тридеценискиот проблем на жителите од овој дел на општината. Овој значаен инфраструктурен зафат опфаќа површина од 6500 квадратни метри, односно 1500 метри должина, каде што во еден дел се врши комплетна реконструкција, а во друг дел се гради сосема нова улица. Работите напредуваат со одлична динамика и во наредните денови ќе заврши целосната реконструкција.Овој проект е дел од стратегијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за асфалтирање на сите улици во општина Кисела Вода, со што се обезбедува рамномерен развој и подеднакви услови за живот во сите населени места.

Со вакви капитални проекти, локалната самоуправа овозможува модерна и квалитетна инфраструктура, која значително ќе го подобри секојдневието на граѓаните.-„Улицата “Румена Хаџипанзова” повеќе од 30 години беше во катастрофална состојба, создавајќи секојдневни проблеми за жителите. Конечно ставаме крај на тој проблем – за само неколку дена оваа улица ќе добие комплетно нов лик, со модерен асфалт, квалитетна подлога и значително подобрена безбедност во сообраќајот. Ова не е само уште еден инфраструктурен проект, туку дел од поголемата визија за Кисела Вода – општина во која секој жител ќе има пристап до современи услови за живот. Нашата стратегија за целосна инфраструктурна обнова продолжува со несмалено темпо, затоа што секој дел од општината заслужува еднаков третман и подобрени услови- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу – Унапредување на...

0
Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на...