spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: ЗМЕП Трајков - Континуираната поддршка од Унгарија ни помага на патот...

МЕП: ЗМЕП Трајков – Континуираната поддршка од Унгарија ни помага на патот кон ЕУ

Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, во рамките на работната посета на Унгарија каде учествуваше на унгарско – македонскиот меѓувладин самит во Будимпешта, се сретна со унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока.

Фокус на средбата беше ставен на интензивирање на взаемната соработка меѓу двете земји и размена на експертиза на полето на евроинтеграциите. На состанокот заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Трајков ја потенцираше контиуираната поддршка која нашата држава ја добива од Унгарија на патот кон ЕУ.

При тоа, заменик-министерката за европски прашања, Трајков се заблагодари на унгарскиот министер за европски прашања, Бока за помошта од Унгарија со којашто се отворат нови можности за развој на нашата држава.

Заеднички беше потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе сектори, со што ќе се забрзаат реформските процеси на нашата држава, а со тоа и ќе се олесни пристапниот процес.

На состанокот беше заклучено дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализација на процесите за што поскоро приклучување кон ЕУ.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

МТ: Николовски од Прага – Преговараме за нови инвестиции од Чешка,...

0
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска...