spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОПМ: ЈАВЕН ПОВИК За избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг...

НАЕОПМ: ЈАВЕН ПОВИК За избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар „ИКТ алатки и нивна примена во еТвининг платформата

Врз основа на Решение 20-164/2од 04.03.2025  , Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов „ИКТ алатки и нивна примена во еТвининг платформата“ кој ќе се одржи ВО ПЕРИОДОТ од 26-28 март 2025 година во Битола, Република Северна Македонија.

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик заизбор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов„ИКТ алатки и нивна примена во еТвининг платформата“ кој ќе се одржи ВО ПЕРИОДОТ од 26-28 март 2025 година во Битола, Република Северна Македонија.

Е-твинери се регистрирани наставници  во еТвининг платформата чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.

Трошоци за учество:

Националната агенција се обврзува да ги покрие трошоците за храна и сместување.

Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до МЕСТОТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА семинарот, ТРОШОКОТ ЗА ПАТ ќе бидат рефундирани во износ на автобуски билет.

Критериуми за аплицирање

  •          Лицето треба да биде вработено во основно, средно училиште или градинка;
  •          Лицето да е регистрирано во платформата;
  •          Лицето да има основно познавање од еТвининг платформата;

Критериумите за учество ќе се проверуваат во еТвининг профилот на секој апликант.

*При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е 09.03.2025 годинадо 16.00 часот.Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите За пријава, потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:   https://forms.gle/wHdHcEsURXRT6Ne99

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката избор на 45 еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов “ИКТ алатки и нивна примена во еТвининг платформата “ кој ќе се одржи ВО ПЕРИОДОТ од 26-28 март 2025 година во Битола, Република Северна Македонијаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу – Унапредување на...

0
Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на...