spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСопиште: Изгаснат пожар

Сопиште: Изгаснат пожар

Изгаснат е пожарот кој завчера колу 14 часот се прошири од Дрисла кон атарот на село Ракотинци и се движеше до месноста Црвена прст. Пожарот зафати околу 10 хектари ниско стеблеста и борова шума, при што причинета е материјална штета, но за среќа нема други сериозни последици.

По добивањето на известувањето за пожарот, тимови од противпожарното друштво на Општина Сопиште, заедно со Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, се вклучија во акцијата за гасење, која траеше речиси шест часа.


Благодарение на нивната брза и координирана реакција, пожарот беше успешно локализиран и спречено е неговото понатамошно ширење.
Причините за пожарот, засега се непознати, надлежни институции работат на нивно утврдување.

Од име на Општина Сопиште и од мое лично име, изразувам искрена благодарност до сите кои беа вклучени во справувањето со пожарот и вложија големи напори за негово локализирање.

Извор: Општина Сопиште

Прочитајте