spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Започна реконструкцијата на главната улица во Љуботенски пат - Улица 30

Бутел: Започна реконструкцијата на главната улица во Љуботенски пат – Улица 30

Денес започна реконструкцијата на главната улица во населеното место Љуботенски пат. Улицата 30 е од големо значење за жителите.

На улицата е предвидено машинско гребење и копање на оштетениот и пропаднат асфалт, поставување на нови шахти и сливници и проширување на улицата каде што има можност.

Улица 30 е во должина од 900 метри и површина од 3500  м2.

Ова е почеток на голема градежна офанзива. Локалната самоуправа инвестира 150 милиони денари за реконструкција на 70 улици.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство за реализирањето на ветувањето пред граѓаните.

Во општина Бутел се подобрува патната мрежа во сите населени места.

Локалната самоуправа продолжува да инвестира во населеното место Љуботенски пат – се изгради нова пешачка патека, како и нов спортско-рекреативен центар “Бранители”.

Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу – Унапредување на...

0
Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на...