spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Започнува реконструкцијата на улицата „Николај Островски“ во населбата Даме Груев

Ѓорче Петров: Започнува реконструкцијата на улицата „Николај Островски“ во населбата Даме Груев

Општина Ѓорче Петров продолжува со модернизација на патната инфраструктура! Во тек е реконструкцијата на една од најголемите улици во населбата Даме Груев – улицата „Николај Островски“. Овој проект, вреден 3.200.000 денари, е дел од стратешките заложби на општината за подобрување на патиштата и условите за живот на граѓаните.

 Во моментот се изведуваат градежни работи за поставување нов завршен слој на коловозот во должина од 600 метри, а паралелно се инсталира нова електрична инфраструктура за поставување улично осветлување.

По завршувањето на проектот, улицата ќе биде покриена со 3.600 квадратни метри нов асфалт, што ќе ја зголеми нејзината издржливост и функционалност.

 Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека реконструкцијата е директен одговор на барањата на граѓаните и е дел од пошироката визија за унапредување на инфраструктурата во Ѓорче Петров.

 „Оваа улица е една од најважните во населбата Даме Груев, а нејзиното реновирање значително ќе ја подобри безбедноста и квалитетот на движење за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме со реализација на капитални проекти кои носат вистински промени и ја модернизираат општината“, изјави Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на инвестиции во инфраструктурата, а граѓаните наскоро ќе добијат уште подобри услови за секојдневно функционирање.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу – Унапредување на...

0
Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на...