spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Работна средба на градоначалникот Стефковски во рамки на проектот”Зајакнување на...

Гази Баба: Работна средба на градоначалникот Стефковски во рамки на проектот”Зајакнување на младите преку нови можности 2″

Градоначалникот Бобан Стефковски имаше средба со младите од младинскиот клуб формиран во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“ кој го имплементира СОС ДЕТСКО СЕЛО.

На средбата младите ги презентираа своите предлози предлози за унапредување на локалните политики за социо-економска интеграција на младите, со акцент на млади од ранливите категории.  

Поддршка за формирање на Социјален клуб за млади лица со попреченост, подобрени можности за практиканство за млади од ранливите категории, олеснување на пристапот до курсеви за млади лица со попречен говор и слух, субвенции за вклучување во спортско-рекреативни активности на младите во социјален ризик, унапредување на безбедноста преку подобрување на состојбата со осветлувањето и згрижување на бездомните кучиња беа дел од предлог мерките кои ги дадоа младите.

Во Македонија има млади луѓе кои се непресушлив извор на општесвено одговорни идеи и иницијативи.

Остануваме отворени за продолжување на соработката со цел реализација на иницијативите кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

МТ: Николовски од Прага – Преговараме за нови инвестиции од Чешка,...

0
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска...