spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет...

Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес одговори на новинарското прашање за очекувањата, по изгласувањето на интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет. Тој нагласи дека најмалку што очекува е морална одговорност и да ги напуштат позициите членовите на Судскиот совет, за кои вчера Собранието изгласа недоверба.

„Па јас очекувам најмалку, морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, бидејќи јасно кажаа парламентарците, тие коишто ги избраа, дека тие го изгубија целиот кредибилитет. Дека тие повеќе немаат никаков кредибилитет, да бидат на тие места каде што се.

Впрочем тоа тие го докажуваат со изборот на партискиот врховен судија, којшто доаѓа од Демократската унија за интеграција, којшто е вршител на должноста, знаете како гласаа, не треба јас тука да објаснувам. Така што, со еден збор, последниот штит кој е во одбрана на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ, се неколкумина обвинители и судии.“, објасни Мицкоски.

Премиерот напомена дека за него, се алармантни информациите коишто ги добива, којшто се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство, кога слушнал за акцијата, којашто ја спроведуваше пред два дена, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.

„На нив не им е местото таму. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во обвинителството, туку е во оние големи хациенди коишто се изградени во Западна Македонија. Но доколку сакаат, навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Но, тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денес ќе се кае. Но, тогаш се плашам, дека ќе му биде доцна.“, рече тој.

Извор: Влада

Прочитајте

МЕП: Муртезани на панел-дискусија – „Постепената интеграција во ЕУ: Мост кон...

0
Ваша Екселенцијо, Амбасадор Ле Риголер, почитувани панелисти, уважени колеги и почесни гости, Со големо задоволство ви посакувам добредојде на оваа пригодна дискусија на тема „Методологија...