spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка

Аеродром: Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка

Општина Аеродром ги ослободува од плакање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.

Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуват од плакање следните категории:

–     Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на едно дете;

–       Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата;

–       Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи;

–       Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата;

–       Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата;

Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.

Општина Аеродром во континуитет се грижи  за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Охрид: Монодрамата „Љуба“ од Лилјана Стоилковска

0
Во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата...