Со едноминутно молчење започна денешната итна седница на Советот на Општина Гази Баба на која се донесе Одлука за доделување на финансиска помош во висина од 1.000.000 денари за помош на семејствата на настраданите во трагичната несреќа во Кочани.
Она што можеме во овие тажни мигови за Македонија да го направиме е достоинствено да тагуваме, да бидеме солидарни и да се молиме.
Ова е трагедија каква Македонија досега не памети.
Нема граѓанин кој не чувствува болка во овие мигови и не бара одговорност.
Извор: Општина Гази Баба