spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСе пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да не...

Се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да не се шират дезинформации бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста

Почитувани,

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите.

Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.

Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата.

Апелираме до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност.

Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите.

Извор: Влада

Прочитајте

Охрид: Монодрамата „Љуба“ од Лилјана Стоилковска

0
Во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата...