spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Центар: Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Општина Центар во наредните денови ќе ги заврши третата и четвртата фаза од целосната реконструкција на улицата „Орце Николов“. Двете фази го опфатија делот од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски – Борче“, до првиот влез на Министерството за одбрана.

Во овие две фази стариот и оштетен коловоз е заменет со нов, високо-квалитетен асфалт, реконструирани се тротарите, изведени се нови велосипедски патеки и изведено е паралелно паркирање. Поставено е ново, енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, изведена е нова водоводна и атмосферска канализација, а обновена е и топлотната мрежа.

Во претходните фази се реконструираа коловозните, пешачките и велосипедските површини, поставено е ново ЛЕД-осветлување и воведен е нов систем за модернизација на јавното осветлување. Во првата и втората фаза е поставена нова атмосферска канализација и вертикална сигнализација, ослободени се јавните површини и воведен е нов кружен тек на најкритичната точка на улицата за намалување на сообраќајните незгоди на овој потег, смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на улицата „Орце Николов“.

Со завршувањето на градежните активности на овие две фази, на крајот на септември ќе започне реконструкцијата на петтата, претпоследна фаза од реконструкцијата на улицата.

Реконструкцијата на „Орце Николов“ опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни и се очекува да биде готова во јули. Целиот зафат ќе чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МОН: Аплицирањето за YES програмата трае до 24 октомври

0
Сите ученици запишани во прва и втора година во средно училиште можат да аплицираат за YES програмата, која се спроведува со поддршка на Министерството за образование...