spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Продлабочување на меѓуинституционалната соработка и невладиниот сектор за поддршка на лицата...

Гевгелија: Продлабочување на меѓуинституционалната соработка и невладиниот сектор за поддршка на лицата со попреченост

Во рамките на продлабочување на меѓуинституционалната соработка и невладиниот сектор за поддршка на лицата со попреченост, раководството на Црвениот крст- ОО Гевгелија реализираше работен состанок со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија и претставници на Здруженијата кои ги застапуваат интересите на лицата со попреченост.

 

 

 

 

Имено, на состанокот беа присутни и личните асистенти кои со финансиска поддршка од Буџетот на Општината се стекнаа со лиценца преку обука за стекнување вештини за помош на лицата со попреченост што ја реализира Црвен крст- ОО Струмица. Истите имаа можност да се запознаат со претставниците на Здружението на лица со телесен инвалидитет„Мобилност“, Здружението на слепи лица- Гевгелија, Здружението за лица со интелектуална попреченост ЦПЛИП „Порака“, како и други здруженија, запознавајќи се со позитивните искуства споделени од лице кое веќе е давател на услугата личен асистент на 2 корисника.
 

 

 

По дискусиите од работниот состанок, произлегоа заклучоци за изработка на План за инклузија на лицата со попреченост во координација со ЈУМЦСР- Гевгелија, како би се создале можности за поквалитетен живот на овие лица, олеснувајќи го активното вклучување во современиот свет.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте