spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за...

МФ: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која соговорниците се осврнаа на реформите што ѝ претстојат на нашата земја во нејзиниот евроинтеграциски процес.

На средбата беа разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција којашто е координатор на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ кој произлегува од Програмата на економски реформи. Исто така Министерството за финансии учествува и во подготовка на Реформската агенда на земјата поврзана со новиот План за раст на Западен Балкан.

„Министерството за финансии ги координира активностите во рамки на Економско- финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа
искуство ќе се искористи и во рамки на реформскиот процес поврзан со Планот за раст на Западен Балкан“, рече министерката.

Таа изрази уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамки на евроинтеграциите ќе бидат во фокусот на
работата, бидејќи тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до стандардите на ЕУ.

Како што беше посочено, ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и таа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...