spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: СООПШТЕНИЕ во врска со одлука на Судскиот совет

ДКСК: СООПШТЕНИЕ во врска со одлука на Судскиот совет

По повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли иницијативата на ДКСК за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) како ненавремена, ДКСК ја информира јавноста за следното:

Постапката за утврдување на одговорност од страна на ДКСК е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата. Имено, Иницијативата за поведување на постапка за утврдување на одговорност е поднесена во рокот од 15 дена од приемот на последната одлука донесена од страна на Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во врска со конкретниот случај, а во согласност со Законот за спречување на корупцијата. И покрај тоа, сакаме да истакнеме дека рокот од 15 дена не е преклузивен рок, истиот е инструктивен рок, односно со негово пропуштање на се губи правото за преземање на определено дејствие, бидејќи нема одредба во Законот која предвидува последица од непостапувањето по тој рок.

Ја информираме јавноста дека за оваа одлука сме информирани единствено преку медиумите, додека по официјалниот прием на одлуката ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување. Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, кое нешто е утврдено со одлука на ДКСК, и потврдено од Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во рамките на законските рокови.

ДКСК останува посветена на промовирање на транспарентност и отчетност и нема да отстапи од својата мисија да дејствува одлучно во заштитата на јавниот интерес.

Комисијата останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на примената на сите достапни правни средства за постигнување на своите цели.

Остануваме отворени за комуникација и информирање за сите понатамошни чекори во врска со оваа постапка.

Државна комисија за спречување на корупцијата

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...