За прв пат во нашата земја се одржува јавна конференција за проширување на науката и бизнисот „Science Business Widening Southeast Europe”.
Настанот го организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и има за цел да ги собере клучните чинители од цела Европа, да разговараат како Југоисточна Европа може да одржува, гради и меѓусебно поврзува истражувачки и иновативни инфраструктури во пошироката европска рамка.
Во рамките на конференцијата, ќе се истражува како:
- да се зајакне европската истражувачка област
- поттикне стратешки партнерства помеѓу локалните и европските истражувачи инфраструктури
- да се намали „одливот на мозоци” и да се поттикне мобилноста на талентите во регионот
- создаде унифицирана и кохезивна европска истражувачка средина.
Настанот ќе се одржи на 01 Октомври 2024 год., на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје.
Регистрација на следниот линк: https://sciencebusiness.net/events/role-southeast-europe-how-maintain-build-and-interconnect-research-and-innovation?fbclid=IwY2xjawFDnItleHRuA2FlbQIxMAABHbGcFIrl_cWLMVVGoO3sczXabVxmPvWODhREWqh7Bl9452XbMigDv3B-8g_aem_5Pq92BO4jw2tWF8ngRgq9g.