Министерството за образование и наука известува дека Американската амбасада го објави повикот за прием на апликации за програмата „Study of the United States Institutes“. Програмата е спонзорирана од страна на Бирото за образовни и културни прашања на Стејт департментот на САД, а ќе се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Програмата „Study of the United States Institutes“ е интензивна академска програма на ниво на постдипломски студии со интегрирани студиски патувања чија цел е да им овозможи на странските факултети и други научници можност да го продлабочат своето разбирање за американското општество, култура, вредности и институции. Целта на програмата е да се зајакнат наставните програми и да се подобри квалитетот на наставата за САД во академските институции во странство. Оваа програма, наменета за научниот кадар, ќе се одржува на различни колеџи, универзитети и академски институции низ САД во текот на пет до шест недели почнувајќи од или по јуни 2025 година. За секој институт од програмата предвидени е четиринеделен академски престој и доколку е возможно, до две недели интегрирана студиска посета во друг регион во САД.
Повеќе информации на https://mk.usembassy.gov/susi-program-2024-is-now-open-for-applications-2/.