Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини, соопшти министерот Александар Николоски.
Имено Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, „крак на улица 8“, „улица 8“, „улица 9“ во УБ15, општина Радовиш. Планирано е набавката за реализација да започне во месец септември 2024 година.
Информираше Министерот за транспорт Александар Николоски.
Извор: Општина Радовиш