spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Одбележан 30 Септември - Меѓународниот ден на преводот

АПЈ: Одбележан 30 Септември – Меѓународниот ден на преводот

Во рамките на својата програма за одбележување значајни датуми за јазикот, Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) вчера ја организира одбележувањето на 30 Септември – Меѓународниот ден на преводот, со темата: „Преводот и јазичните политики во контекст на јавните институции“, активност поделен на два дела – свечена и за дискусија.

Активноста ја отвори директорот на АПЈ, Гранит Османи, кој им посака добредојде на присутните и истакна некои важни прашања од работата на институцијата што ја води, а што се поврзани со поддршката што им се дава на јавните институции во областа на преводот.

Во свечениот дел присуствуваа и други претставници од јавните институции како: заменик-секретарот на Владата на РСМ, Хасим Муртезани; заменик-министерот за образование и наука, Љуљзим Алиу, пратеничката на коалицијата ВРЕДИ, Фериде Хаџиу. Тие го истакна значењето на мајчиниот јазик, како и на јавна институција како што е АПЈ. Активноста ја поздрави и Арбен Фетаи, вицепремиер за политика и добро владеење.

Во делот за дебата, кој го отвори Неби Биљали, државен советник за превод на AПЈ, учествуваа претставници на Канцеларијата на Комесарот за јазици на Косово, на чело со Славиша Младеновиќ; потоа претставници од факултетите за јазици како што се на Универзитетот во Тетово (УТ), Бертон Сулејмани, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЕЈЛ), Демуш Бајрами, Универзитетот Свети Кирил и Методи, Ајтене Ќамили и Исмет Османи.

На дебатата учествуваа и претставникот на Здружението на преведувачи во РСМ, Блерина Старова – Златку и Лирим Шала, административен службеник на АПЈ. Присутните во дебата зборуваа за проблемите околу квалитетот на преводот, предизвиците на преведувачите, вештачката интелигенција во превод и прашањата за транслитерација во документите за идентификација.

Заклучоците од активноста ги подготви Ахмет Сељмани, државен советник за лектура, според кои заклучоци треба да се направат потребните законски измени за преводот да не се третира како административна служба, а преведувачите да имаат повисок статус од административен службеник.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👈👀

Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните

Прочитајте