spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Отворени училишните спортски лиги

Гази Баба: Отворени училишните спортски лиги

Денес официјално градоначалникот Бобан Стефковски ги отвори училишните спортски лиги кои се одржуваат во Општина Гази Баба во различни категории на спортови.

Организацијата на овие спортски активности е од особено значење за учениците бидејќи од најрана возраст имаат можност директно да спортуваат, рекреираат и другаруваат.

Во текот на целата година ќе се одржат најразлични спортски настани и со тоа ќе расне спортскиот дух помеѓу учениците, а притоа ќе се зајакнува и чувството за борба, а секако и победа.

Наша обврска е да инвестираме во подобрување на условите за образование и воспитание, а вооедно и да се грижиме за создавање на вистински вредности кои од учениците ќе изградат здрави и силни индивидуи.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Фетаи: Со Институтот за европска политика воспоставуваме соработка во областа на...

0
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска се сретна со претставници на Институтот за европска политика, директорката Симонида...