Преку тековните работни активности на Јавното претпријатие Камена Река, задолжено за одржување и нормално функционирање на водоводниот систем во Македонска каменица, започнавме со инсталација на нова водоводна линија во должина од 110 метри на улица Даме Груев во приградската населба Суво Маало.
Со реализацијата на овој проект, вршиме подобрување на водоснабдувањето во градот и обезбедуваме поквалитетна и постојана услуга за граѓаните од оваа приградска населба.
Вработените во јавното претпријатие работите ги вршат со зголемен интензитет и очекуваме истите да завршат во следните неколку денови, по што водоводната мрежа ќе биде целосно функционална.
Извор: Општина Македонска Каменица