spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Словачка активно ја поддржува европската перспектива

МНР: Словачка активно ја поддржува европската перспектива

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Првиот државен секретар во Министерството за надворешни и европски работи на Словачката Република, Мартин Клус, кој се наоѓа во работна посета на Република Северна Македонија.

Соговорниците се осврнаа на состојбата и резултатите на сѐ подинамичната билатерална соработка меѓу двете земји и во тој контекст разговараа и за интензивните активности кои се превземаат за отворање на нашата Амбасадата во Словачка, со седиште во Братислава, што ќе биде дополнителен импулс во зацврстување на меѓусебните односи и за збогатувањето на севкупната соработка.

„Ние продолжуваме активно да придонесуваме за европската идеја на Балканот, и за европската перспектива како на нашата земја, така и на целиот регион. Очекуваме операционализација на одлуката на лидерите на ЕУ од март 2020, одржување на Првата меѓувладина конференција и формален почеток на преговорите, а радува сознанието дека Словачка е наш силен партнер во ЕУ за реазлиација на ваквата цел“, истакна Османи.

На средбата стана збор и за проектот „Национална Конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија“, во кој учествуваат словачките експерти и чија 4-та сесија ќе се одржи на 29 април. Првиот државен секретар Мартин Клус потврди дека словачката поддршка и експертска помош за нашите евроинтегративни аспирации ќе продолжи со несмалено темпо за да побрзо се усогласиме со сите потребни европски критериуми и вредности.

Посебен акцент во разговорот беше ставен за состојбите во двете земји поврзани со пандемијата и текот на процесот на имунизација на населението, при што министерот Османи се заблагодари за досегашната словачка помош и донации на овој план, што претставува уште еден гест на пријателска држава.

Со Првиот државен секретар во Министерството за надворешни и европски работи на Словачката Република, Мартин Клус се сретна и ЗНМР на Северна Македонија Фатмире Исаки. Заменик-министерката Исаки нагласи дека планираното отворање на Амбасадата на Северна Македонија во Словачка, со седиште во Братислава, за што во тек се интензивни подготвителни активности, ќе даде дополнителен импулс во постојната позитивна динамика во меѓусебни односи.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...