Комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, премиерно ќе се изведе на 26 мај во Македонскиот народен театар (МНТ). Тоа ќе биде прва премиера во МНТ од почетокот на пандемијата на корона-вирусот.
Во улогите на Таа и Тој се првенците од ансамблот на МНТ – Звездана Ангеловска и Никола Ристановски – со снимен глас, а игра и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.
МНТ најавува дека е ова приказна за силна и талентирана жена, која го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет.
Текстот го преведе Ангеловска, преводот на песните од англиски јазик го направи Елена Китановска, видеодизајнер е Марин Лукановиќ, а костимографка е Наташа Павлиќиќ. Неќак е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.
Следните изведби се закажани на 27 и 29 мај.
Извор: Министерство за култура