spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Учесник во 6-тиот годишен форум Европска стратегија за Јадранското и Јонското...

МЖСПП: Учесник во 6-тиот годишен форум Европска стратегија за Јадранското и Јонското Море

На покана на Др. Анже Логар, министер за надворешни работи на Република Словенија, Министерството за животна средина и просторно планирање учествува на официјалното отворање на 6-тиот годишен форум Европска стратегија за Јадранското и Јонското Море (EUSAIR)и на тркалезната маса на EUSAIR- ИДНИНАТА НА ЈАДРАНСКО-ЈОНСКИОТ РЕГИОН.

 

Министерската тркалезна маса беше инспирирана од дијалогот помеѓу нобеловецот Лучка Кајфеж Богатај и Европскиот амбасадор за климатски промени и деградацијата на животната средина Боштјан Видемжек, за прашањето дали климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијална закана за Европа и светот и дали ако немаме планета Б, можеме да имаме план Б.Вклучените високи претставници дискутираа за тоа дали регионалните истражувања и иновации, преку поврзани и координирани активности за заштита и управување со водите, одржливо производство и потрошувачка на морска храна, подобрување на управувањето со морските сливови, безбедноста и безбедноста на морето, меѓусебно поврзаниот пазар на одржлива енергија, добриот еколошки статус, спречување на загубата на биодиверзитет и деградација на екосистемски услуги, намаленпроток на отпад, диверзификација на туристички производи и услуги може да се постигнат на глобано ниво.

Заменик министеркатаза животна средина Христина Оџаклиеска, како учесник на панел дискусијата нагласи дека Република Северна Македонија останува посветена на вредностите на EUSAIR и на Јадранската и Јонската иницијатива иго апострофираше предизвикот од координирана акција меѓу земјите во Дримскиот Басен за дасе обезбеди интегрирано управување со водите и заштита на животната средина и справување со предизвиците кои ни престојат со климатските промени. МЖСПП ќе учествува и на утрешната сесија „Одржливо користење на крајбрежните и морските ресурси за здрава иднина преку зелено и паметно закрепнување“ од третиот столб од Јонско-Јадранската Стратегија за квалитетот на животната средина.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте