spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Повик до граѓанските организации и сите засегнати страни за Третиот годишен...

МИОА: Повик до граѓанските организации и сите засегнати страни за Третиот годишен извештај за Акцискиот план – Стратегијата за реформа на јавната администрација

Министерството за информатичко општество и администрација (во натамошниот текст МИОА) го подготви  Нацрт Третиот годишен извештај за спроведување на Акцискиот  план (2018 -2020) од Стратегијата за реформа на јавната администрација (во натамошниот текст Стратегијата за РЈА) за периодот јануари – декември 2020 година.

Имено, согласно Стратегијата за РЈА со Акциски план (2018 – 2022), следењето и известувањето за процесот на реформата го спроведува МИОА,  кое  на  секои  шест  месеци  до  Советот  за  РЈА и  еднаш  годишно  до  Владата  доставува Извештај за спроведување на Акцискиот план на истата.  Заради обезбедување на транспарентност во овој процес, Стратегијата за РЈА предвидува извештаите да се објавуваат на веб страната на МИОА, а по објавувањето и пред нивното разгледување на седниците на Советот за РЈА да се спроведат консултации и јавни расправи со претставници на граѓанските организации и сите засегнати страни.

Во таа насока, а со цел обезбедување на квалитетен извештај преку инклузивен и транспарентен процес и подобра организација и поквалитетна дискусија на самата јавна расправа, ги повикуваме граѓанскиот сектор и сите засегнати страни своите коментари, прашања и забелешки по Извештајот,  да ги доставите на маил: srja@mioa.gov.mk најдоцна до 04.06.2021 година до 16:00 часот.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...