spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВлада: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите

Влада: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, вчера вечер преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување.

Дебатата на членките на ООН се случи во светло на итните потреби за адресирање на дигиталниот јаз и потребата за дигитална соработка и поврзување во светот, со цел адаптација на пандемијата КОВИД-19 и имплементација на стратегиите за излез. Националниот координатор Забрчанец се осврна на важноста на борбата со дезинформациите, потребата од будност и за заедничка соработка на сите земји членки на Обединетите нации, како и потребата од споделување искуства, обединување и силно спротивставување кон дезинформаторите кои се закана за демократиите во светот.


Забрчанец пред ООН: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите

 

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, вчера вечер преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување.

Во продолжение, Ви го пренесуваме обраќањето на националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец во целост:

„Да се лаже е срамно. Да се разоткрива лагата е храбро.

Дезинформациите денес се најголемиот поткопувач на демократските и на реформските процеси во светот.

Пара-вестите имаат цел да ги поткопаат владеењето на правото, политичката стабилност, да создаваат омраза меѓу луѓето и народите, да корумпираат и да влијаат врз новинарите и да ја намалуваат довербата во владите.

Тоа е оружје во рацете за регресивните сили и пропагаторите на хомофобија, на антиваксерство, на национализам и на секакви други форми на радикализам. Од политички до верски и идеолошки.

Ја претставувам Северна Македонија, земјата која во 2018 година надмина 3-децениски проблем со соседот Грција и постигна договор за нашето уставно име, што беше услов за наше зачленување во НАТО и за придвижување напред кон членство во Европската Унија.

За време на спроведување на референдумот  на кој граѓаните се изјаснуваа дали се ЗА решение со Грција и со тоа ЗА натамошно членство на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, нашата земја беше изложена на силна кампања со дезинформации и манипулации.

Се појавија нови сомнителни веб портали, се појавија страници на социјалните медиуми, мистериозни лајкови и шерови во огромен квантитет, постови кои шират омраза, оркестрирани анонимни ставови, фото манипулации – сите тие имаа цел да влијаат врз нашиот народ за да се отстапи од нашата национална стратешката определба, а тоа е членство во НАТО и во Европската унија. Се спротивставивме со транспарентност и со брза комуникација со јавноста и со граѓаните. Не им дозволивме да нè оттргнат од стратешкиот правец на оние кои што создаваа дезинформации од мистериозни комуникациски центри.

Во нашето горко искуство со дезинформациите имаме случај и на хибриден напад од страна на странски пранкери, кои преку наше конзуларно претставништво, преку фиктивен, но навидум реален вебсајт и домејн, успеаја да закажат и да реализираат телефонски разговор со нашиот премиер, премиерот на Северна Македонија, и тоа преку злоупотреба, замислете, на идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг.

Ние веднаш го обелоденивме овој случај пред јавноста и пред семејството на Тунберг и со тоа ги пресретнавме нивните намери. Аудиото од тој манипулативен телефонски повик беше објавено неколку месеци подоцна, во очи на парламентарните избори со цел директно да се влијае врз волјата на гласачите и врз исходот од изборите.

Манипулацијата не им успеа бидејќи објавата на аудиото не беше голема вест, односно беше стара лажна вест која ние претходно сами ја објавивме и разоткривме. Овој пример само покажува дека дезинформациите имаат цел да влијаат дури и врз изборни резултати, односно врз тоа која политичка структура ќе ја води државата.

На истите овие пранкери Vovan и Lexus, неколку месеци подоцна жртва им беше и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Почитувани,

Да се биде излажан од пранкери кои го крадат идентитетот на Грета Тунберг не е срамно.

Но да се зборува за тоа јавно и глобално е и храброст и неопходност.

Затоа треба да бидеме будни и справувањето со дезинформациите да го прифатиме како секојдневие. Тоа бара храброст, соработка и сојузништво.

Постојано да ги изложуваме пред јавноста лажните информации и тие што ги продуцираат.

Постојано да споделуваме искуства, успешни и неуспешни, од справувањето со дезинформаторите. Нека се срамат дезинформаторите, а ние да соработуваме и повеќе и посилно за што поскоро, тие да потонат во срамот.

Да се обединиме и силно да им се спротивставиме!

Ви благодарам.“

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...