spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Доделени годишните награди за вработените во детските градинки

Центар: Доделени годишните награди за вработените во детските градинки

Општина Центар секоја година организира настан за доделување награди и пофалници за најдобри воспитувачки, негувателки, соработници и помошно-технички персонал од детските градинки, во согласност со општинската Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на децата.

„Образованието во раното детство игра клучна улога во формирањето на интелектуалниот, емоционалниот и на социјалниот развој кај децата. Како локална самоуправа водиме грижа за развивањето и реализирањето на разни форми на сoцијални активности што имаат цел да овозможат унапредување на системот за предучилишно образование и воспитно-згрижувачката работа во нашите градинки. Од тие причини сакаме да ги мотивираме сите учесници во згрижувањето, негата и воспитувањето на децата што посветено работат за поквалитетно предучилишно образование и правилен ран детски развој. Им честитам на наградените и верувам дека и понатаму ќе продолжат да имаат клучна улога во воспитувањето на нашите деца“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Наградите се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на вработените во детските градинки во Општина Центар, согласно Записникот со предлози доставен од општинската Комисија за спроведување на постапката за доделување награди. Се наградуваат 12 вработени во четири категории што работат во детските градинки, а наградените добиваат една просечна месечна нето-плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци.

Настанот се одржа во матичниот објект на ЈУДГ ОЦ  „13 Ноември“, а беше организирана и изложба на тема „Деца уметници во центарот на Скопје“, на која беа изложени уметнички дела изработени од децата од градинките во Општина Центар.

Извор: Општина Центар 

Прочитајте