Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски присуствуваше на дебатата на тема: „Македонската економија пред и по пандемијата“ во организација на Организацијата на работодавачи на Македонија која се одржа на 09.06.2021 година.
На настанот се говореше за македонската економија пред и по пандемијата со Ковид 19, каде говорниците помеѓу кои Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, поранешниот Претседател на ОРМ, Ангел Димитров, Претседателот на Владата, Зоран Заев и Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска зборуваа за актуелните случувања и предизвиците со кои се соочивме изминатиот период, но и можностите за економскиот развој по пандемијата.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека како репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер, ССМ будно ја следи и анализира состојбaтa во државата на економски план која во најголем дел е резултат на ковид пандемијата.
Од почетокот на пандемијата ССМ ја согледа реалната потреба за поддршка на компаниите ,пред се во насока на обезбедување на плата за работниците и зачувување на работните места , со цел намалувањето на последиците и излезот од здравствената криза солидарно и еднакво да го поднесат и работниците и работодавачите .
Во таа насока , ССМ како репрезентативен претставник на работниците и учесник во социјалниот дијалог во државата , со свои предлози и иницијативи активно придонесуваше во креирањето на петте пакети на мерки за државна поддршка на економијата . Предлагавме сериозни,издржани и реални мерки за заштита на животот и работните места на работниците и граѓаните и будно реагиравме на секоја злоупотреба на државната помош наменета за работниците од страна на несовесните работодавачи.
ССМ инсистираше во петте пакет мерки да им се помногне на работниците и компаниите да ја преживеат кризата ,работниците да ги зачуваат работните места и егзистенцијалните приходи , работодавачите да ги ублажат финансиските загуби , за да можат и работниците и работодавачите да им се вратат на своите активности како креатори на економското и општественото живеење по завршувањето на пандемијата.
Поранешниот претседател на ОРМ, Ангел Димитров истакна дека иако социјалниот дијалог поаѓа од различни на интереси на синкдикати, работодавачи и на Владата, учесниците треба да бидат подготвени да направат компромис за клучни прашања во интерес на државата и другата страна. Само така, вели, изградените договори можат да го подобрат стандардот на вработените и целокупната економија во државата. Нагласува дека треба да се воспоствува претпиемачка култура и да се подигнува постојано угледот на претприемачите. Оние, пак, кои не ги почитуваат законите или ги кршат работничките права да се објават јавно и да се санкционираат, а не сите да се стават во ист кош.
Главната порака од настанот е „Да се јакне социјалниот дијалог во интерес на сите“
Сојузот на синдикатите на Македонија од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија доби и благодарница за успешна и дологодишна соработка.