На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји. Државниот секретар на Министерството истакна дека Република Косово е меѓу првите 20 земји со која Република Северна Македонија има билатерална трговската соработка.
Понатаму се разменија искуства во врска со справувањето со економската криза настаната од КОВИД пандемијата и формите на подршка за деловните субјекти и граѓаните од страна на Министерството за економија, со цел ублажување на последиците од пандемијата.
Се дискутираше за условите и можностите за подршка на странските и домашните иневститори; формите на зајакнување на искористените капацитети на земјите за користење на средствата од ЕУ фондовите за подршка на бизнисите.
На средбата беше констатирано дека во наредниот период треба да продолжи овој вид на соработка помеѓу двете институции с о цел создавање услови за бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка меѓу двете земји.
Извор: Министерство за економија