“Иако примарен фокус ставаме на регионалното поврзување преку модернизација и изгрaдба на нови патишта, посебен приоритет даваме и на локалните патни правци заради побрз локален развој и модернизација на општините. Инвестициите во патната мрежа се неопходни заради потребата да создадеме услови за подобар живот за граѓаните”, изјави министерот зa транспорт и врски, Благој Бочварски при работната посета во општина Берово.
Министерот заедно со градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, извршија увид во реконструкција на локалниот пат до населеното место Двориште.
Патниот правец е со должина од 3300 метри, инвестицијата е во вредност од 424 илјади евра, средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку заемот од Светска банка.
“Проекот за Поврзување на локалните патишта овозможува развој на локалната патна мрежа и поодбрување на урбаното живеење. Денеска со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на локалниот пат до селото Двориште во должина од 3.300 метри. Очекуваме работите да бидат целосно завршени за околу десетина календарски месеци.
Би сакал да потенцирам дека реконструкцијата на овој пат е по барање на жителите и верувам дека со неговата санација ќе се обезбеди поголема безбедност и подобра комуникација меѓу населените места”, изјави министерот Благој Бочварски.
Тој најави дека од следната недела преку Министерството за транспорт и врски се започнува со реконстркција на водоводната мрежа во туристичката населба Беровско езеро. Со проектот се предвидува изградба на цевковод во должина од 1909 метри, како и изградба на секундарн мрежа долга 1105 метри за водоснабдување на туристичка населба.
Градоначалникот Звонко Пекевски истакна дека сите овие инфраструктурани проекти се од огромно значење за развојот на градот, туризмот и локалната економија.
”Со овие проекти решаваме долгогодишен горлив комунален и инфраструктурен проблем за жителите на Двориште. Ова е голема инвестиција која со нашиот буџет на општината немаше да ја реализираме целосно. Исто така сакам да најавам дека и преку Бирото за регионален развој од следната недела започнуваме со реконструкција на уште една улица во населеното место Смоимирово”, изјави градоначалникот на општина Берово, Звонко Кепевски.