spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Унапредување на Транспортниот систем

МТВ: Унапредување на Транспортниот систем

Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  оддржа работна средба со директорот на постојаниот Секретеријат на Транспортната заедница, Матеј, Закоњшек.

На средбата се разговараше за инвестициите во делот на патната и железничката инфраструктура финансирани од средства на ЕУ, како и од други меѓународни финансиски институции.

Акцент на средбата беше ставен и на подигнување на безбедноста на патиштата. Министерот Бочварски ги презентираше проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски за зголемување на безбедноста, посебно на патниот Коридор 10.

Се отвори и прашањето за значењето и модернзација на патните и железничките гранични премини со земјите членки на ЕУ, во насока на забрзување на протокот на патници, стоки и услуги.

Од страна на директорот на Секретаријатот, Матеј Закоњшек, упатена покана до министерот Бочварски за учество на Министерскиот состанок закажан за следниот месец во Брдо кај Крањ, Република Словенија.

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте