spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Нова паралека во прва година во СОСУ „Илинден“

Илинден: Нова паралека во прва година во СОСУ „Илинден“

Од 14 до 17 јуни 2021 година во Средното општинско стручно училиште „Илинден” ќе се одржи првиот уписен рок за запишување на учениците во прва година, во учебната 2021/2022 година.

Од наредната учебна година во прва година ќе бидат запишани 93 ученици во три паралелки за Електротехничка струка, наместо како во изминатите осум години кога во две паралелки во прва година се запишуваа 68 ученици. Во паралелката електротехничар за електроника и телекомуникации ќе се запишат 34 ученици, во паралелката за електротехничар за компјутерска техника и автоматика, 34 ученици, како и уште 25 ученици во новоформираната паралелка за електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Воведувањето на трета паралелка во прва година е резултат на зголемениот интерес за упис во прва година во средното училиште и неможноста за запишување поради максимално исполнетата квота уште при првото пријавување во првиот уписен рок.

Почнувајќи од оваа учебна година Министерството за образование и наука го промени концептот за упис за запишување на ученици, односно почнувајќи од оваа година образовните профили, бројот на паралелки и бројот на ученици кои ќе се запишат во прва година на предлог на општината ќе ги утврдува министерството.

Квалитетните услови за образование и реализирање на образовниот процес, како и добрите технички насоки, предизвикаа голем интерес кај учениците за запишување во СОСУ „Илинден“. Со самото тоа ова училиште направи вистински пресврт на односот кон средното образование, знаејќи дека претходно најпривлечни средни училишта во нашата земја беа гимназиите и економските и правните насоки, а најслаб беше интересот за техничките насоки.

Уште со воведувањето на средно образование во општина Илинден, изборот на насоките во училиштето беше плод на успешната соработка на локалната самоуправа и бизнис-секторот во општината, во насока на креирање на квалификуван стручен кадар што ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Општина Илинден беше меѓу првите во нашата земја која оваа пракса одамна позната во светот ја примени кај нас.

Во насока на подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование од 2013 година досега општина Илинден потпиша Меморандуми за соработка со компаниите МЕПСО, Џонсон контролс, Џонсон Мети, Ван Хол, Кемет електроникс, Витек Македонија и ОКТА, со што обезбеди практична настава и обука во нивните капацитети за средношколците од СОСУ „Илинден”.

Со воведување на трета паралелка во прва година во квалификацијата Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, општина Илинден потпиша нови Меморандуми за соработка со компаниите Џагатај Кабло, Аптив Сервисес, Кемет електроникс, Витек Македонија и АРЦ Аутомотив Македонија во коишто се предвидува поддршка во образованието и образовниот процес, како и директна подршка на учениците преку обезбедување на практична настава и обука и предавање.

Токму потребите од соодветна стручна работна сила за стопанството во општина Илинден беше директен инпут за профилирање на млади кадри кои веднаш по завршување на средното образование ќе бидат оспособени, подготвени директно да се вклучат во производствените процеси. Ова е еден од факторите за намалување на невработеноста на младите и нивно останување во општината, а со тоа и во земјата.

Дел од учениците што досега го завршија средното образование во ова техничко училиште отпочнаа со работа во производствените погони на стопанските субјекти во општина Илинден, дел се запишаа на факултетите во нашата земја, додека има и ученици кои се запишаа на престижни европски универзитети.

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте