spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Младинската политика во фокусот на општинските активности

Ѓорче Петров: Младинската политика во фокусот на општинските активности

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски како говорник учествуваше на конференцијата за младински политики и колку тие беа во фокусот на градоначалниците во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“

Ѓорче Петров е општина со најмногу млади советници. Осум од 23 советници од сите партии се токму млади лица, односно 35% од советниците се млади.

Во целата изборна програма имаше 50 проекти кои беа насочени само кон младите во Ѓорче. Во моментов се бележи преку 80% реализација на тие проекти, вклучувајќи ги и проектите кои се во тек.

Од реконструкција на детски игралишта, нови училишни и спортски сали, базен, Корзо со кафулиња, континуирана поддршка на млади спортисти, клубови и млади таленти, активно се вклучивме и во спроведување на Законот за млади.

-Сите овие проекти ги правиме за подобрување на животот на младите, урбанизирање и модернизирање на Ѓорче. Горд сум што најмладите сакаат да останат да живеат во општината, а ние неуморно работиме на недостатоците кои тие ни ги укажуваат – нагласи Наумоски.

Во тек се и проектот „Младински локални банки“ за кој општината дава неповратен грант ако добиеме идеа за подобро Ѓорче која би дошла од млади лица, како и повикот за формирање младински совет.

Наумоски уште еднаш ја искористи можноста да апелира младите да бидат по ажурни. Општината е отворена за идеи и иницијативи од нивна страна.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте