Државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија известува дека Северна Рајна-Вестфалија повторно ја спонзорира Летната академија на ООН, која поради пандемијата, оваа година ќе се одржи дигитално од 23 до 27 август 2021 од страна на УНССЦ од Бон.
Мотото оваа година е : „Редизајн на одржлива иднина“ во која во преден план ќе бидат темите за здравје и благосостојба, економска трансформација и заштита на климата.
На овогодинешната Летна академија можат да бидат доделени вкупно 62 стипендии. Северна Рајна-Вестфалија ја финансира таксата за учество на добитниците на стипендија.
УНССЦ ги охрабрува заинтересираните од целиот свет да учествуваат на 10-та Летна академија на ООН со повик на следнава страна: http://bit.ly/UNSA-2021
Крајниот рок за пријавување е 30 јуни 2021 година.
Стипендиите им се даваат на особено мотивирани и квалификувани кандидати од различни земји кои поради нивната финансиска состојба се во неповолна положба. Особено ќе се разгледуваат пријавите од партнерските земји и региони на Северна Рајна-Вестфалија или од други региони со кои Северна Рајна-Вестфалија има посебни врски.
Се очекува да земат учество до 120 кандидати од сите земји (млади специјалисти и вработени во ООН, претставници на разни министерства од целиот свет, од општини, и градски администрации како и преставници од граѓанскиот и приватниот сектор), при што кандидатите треба да имаат просечно помеѓу 5 и 15 години професионално искуство.
Конференцијата е на англиски јазик поради што документите за пријавување треба да бидат доставени на англиски јазик.
Во прилог: повикот за доделување стипендии на Северна Рајна-Вестфалија.