Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска оддржа средба со ИО на СДСМ Струга, а потоа учествуваше на маалска средба со стружани со цел да се слушне гласот на граѓаните и нивните сугестии кои се темел на креирање победничка кадровска и програмска политика и пример за успех на концептот едно општество за сите кое нуди еднакви услови за секој граѓанин.
„Централната власт предводена од СДСМ во интензивна соработка со општините и советниците на СДСМ овозможија сериозен развој на локалните самоуправи ширум државата. Владата предводена од СДСМ минативе 4 години инвестираше близу 9 милиони евра во 68 километри патна инфраструктура во општина Струга, издовени беа средства и за Струшките вечери на поезијата, за Домот на културата и за други проекти важни за граѓаните на Струга и регионот, посочи Битиќи.
Тој додаде дека од првиот ден Владата предводена од СДСМ работи одговорно, отчетно и во соработка со единиците на локалната самоуправа, водејќи се од интересите на граѓаните.
„Единство и грижа за сите, тоа е силата на СДСМ и ова е тоа што не прави победници на сите избори до сега и она што ќе не направи победници на овие локални избори.
Граѓаните остануваат наш партнер и заедно ја креираме стратегијата што го носи најдоброта за секоја наша општина” заклучи Битиќи на средбата во Струга.
Извор: СДСМ