spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Меморандум за соработка со Агенцијата за заштита на правото на слободен...

МИОА: Меморандум за соработка со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер

Вчера се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

 

Со овој Меморандум се унапредува соработката помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на полето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер.

 

Со потпишување на овој Меморандум, страните ја изразуваат подготвеноста за соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и градење на капацитети за доследна имплементација на законската регулатива.

 

Предмет на овој меморандум е едуцирање на вработените во МИОА за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и зголемување на активната транспарентност, во насока на доследно спроведување на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како и советување за прашања од делокруг на својата надлежност.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...