spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: „Мене ништо не ми пречи“-Концерт на класична музика & изложба...

Ѓорче Петров: „Мене ништо не ми пречи“-Концерт на класична музика & изложба на фотографии

Среда, 30 јуни, со почеток во 20.00 часот, паркот во Ѓорче Петров ќе биде одличен избор за уживање во убава летна вечер со перформансот „Мене ништо не ми пречи“ на Театар Пи.
Концерт на класична музика и џез импровизации со Дино Имери, Дино Рамо, Ема Ананисевска, Златко Митрески, Игор Ангелов, Јаков Ангелов, Ева Малин, Ана Тодоровска и изложба на фотографии чии автори се лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП- Порака Скопје и ученици од основите училишта Димитар Поп-Беровски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Јоаким Крчовски.
Во перформансот „Мене ништо не ми пречи“ учествуваат лица со интелектуална попреченост и лица со типичен развој како и професионални музичари и уметници кои ги водеа работилниците во изминатите 5 месеци чиј резултат е утрешниот настан. Музичките работилници ги водеше музичарот Дино Имери, а фотографските фотографот Благоја Блажевски.
Ова е реализација на првиот дел од кампањата „Мене ништо не ми пречи“ после кој следуваат театарски работилници и театарски перформанс кој ќе го водат актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска.
Проектот се реализира во соработка со Општина Ѓорче Петров и основните училишта во Ѓорче, ЦПЛИП – Порака Скопје и е поддржан од Општина Ѓорче Петров, Министерство за култура / Ministria e Kulturës Град Скопје , Европската унија Скопје/ Europe House Skopje, Ambasada RP w Skopje / Амбасада на Република Полска во Скопје Velvyslanectví České republiky ve Skopji

Прочитајте

МСПДМ: 15 пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование,...

0
Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа петнаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика. На...