„ Денес сите институции имаат службеник за млади луѓе , кои се контакт за секој млад човек кој покажува интрес за конкретна институција.
Овие службеници се должни на младите луѓе да им го дадат потребното внимание и притоа да ги известуваат за работите поврзани со институцијата, како што е можноста за вработување, за надградување, за напредување…за одредени проекти, за учество во нив.
Мулти култи’ не е само обичен збор! Тоа е збор кој ја содржи суштината на сплотеноста, на просперитет, на меѓусебно почитување. Младите заслужуваат да имаат место, основа од каде што ќе тргнат во големи победи и успеси. Тие заслужуваат да бидат инволвирани во политиките. Посебно во оние политики кои се однесуваат на нив. Верувам дека овој младински центар во Куманово, ќе биде пример како младите луѓе од сите етнички заедници, знаат и можат да креираат активности, планови, проекти со кои ќе го унапредат и Куманово како град, но и државата севкупно“, рече директорот на АМС Наумче Мојсовски. “, нагласи директорот Мојсовски.
Директорот Мојсовски уште додаде дека со младинските центри во општините континуирано се унапредуваат вредностите и примената на младинската работа и поттикнувањето волонтерство и младинскиот активизам.
„Општина Куманово е позната како симбол на шареноликоста и пријател на младите луѓе и со отворањето на овој младински центар само го потврдува тоа. Со неговото отворање како и со формирањето на локалните младински совети, гарантираниот буџет за млади, не постои можност градоначалникот и локалната власт да ги слушнат младите и да не креираат политики и активности по нивна мерка“, потенцираше премиерот Заев во своето обраќање на отворањето на првиот младински центар во Куманово.
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во своето обраќање рече дека одлуката за првиот младински центар во државата, според Законот за младинско учество и младински политики, да се отвори во Општина Куманово е признание за сите остварувања што општината ги направиле за младите.
„Општината се гордее со младите од Куманово заради сите постигнувања што ги прават, а обврска на општината е да ги поддржат од сите аспекти активностите на младите и нивните организации.
Директорот на АМС Наумче Мојсовски во своето обраќање нагласи дека верува дека овој младински центар ќе биде место каде ќе се родат големи идеи, каде креативноста ќе биде на највисоко ниво.
На настанот по повод отворањето на првиот младински центар согласно Законот за младинско учество и младински политики во општина Куманово, говореа и Марија Крстевска од Националниот младинскиот совет на Македонија и Наим Исаки од Центарот на интеркултурен дијалог.
Тие во име на младите на Општина Куманово потенцираа дека очекуваат максимална прифатеност на младинскиот центар како можности и простор за младите каде што ќе ги развиваат своите вештини, ќе градат нови пријателства и од каде што ќе произлезат важни проекти и активности, како и политики кои директно ќе го подобрат статусот на младите.
Извор: Агенција за млади и спорт