spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжува соработката со JICA од областа животна средина

МЖСПП: Продолжува соработката со JICA од областа животна средина

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, одржа работен состанок со проектниот советник за балканската канцеларија на Јапонска агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency), Нишијама Етсју, на кој се разговараше за две иницијативи за соработка со Северна Македонија од областа животна средина.

 

Првата иницијатива се однесува за проект кој се реализира врз основа на апликација што РСМ ја поднесе до JICA за финансирање на санацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

 

Втората иницијатива е за Програмата за соработка за знаење на JICA која се однесува на доусовршување и повисок степен на образование за вработените во државната администрација.

 

Државниот секретар Шукова се заблагодари за посветеноста и континуираната поддршка од јапонската агенција при реализација на проекти и програми од областа животна средина, изразувајќи желба за продолжување на соработката и размена на искуства меѓу двете држави.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...