На 25-ти јуни, ЗЕЛС го организираше завршниот форум на општинските пракси, кој се одржува во рамките на проектот “Кон родово одговорни општини: Зајакнување на општинските капацитети за родови политики и буџети“.
Овој проект ЗЕЛС го имплементира во соработка со UN WOMEN Скопје, за периодот од 2019-та до 2021-ва година.
Во состав на проектот, Општина Центар, како една од најдобрите општини во однос на креирањето на родово-еднакви буџети и политики, имаше своја презентација за реализираните програми на секторите и на Комисијата за еднакви можности (КЕМ), кои ги реализираше во 2020-та година.
Извор: Општина Центар