spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Делиме заедничка визија за развиен регион

МП: Делиме заедничка визија за развиен регион

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Тирана оствари работна средба со албанската министерка за правда Етилда Ѓонај. На состанокот на кој присуствуваше и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правдата. Дополнително се дискутираше и за европските интеграции на двете земји, имајќи предвид дека Северна Македонија и Албанија се во иста позиција кога станува збор за европскиот пат.

 

 

-И покрај тоа што двете земји се разочарани од неносењето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, постои надеж дека за време на словенечкото претседателство работите ќе се променат и дека конечно ќе почнат преговорите. Во меѓувреме ние мораме да ја развиваме регионалната и билатералната соработка. Постои простор за дополнително продлабочување на односите во секторите со кои раководиме, односно правдата, порача Маричиќ.

 

Министерот ја покани својата албанска колешка да дојде во возвратна посета на Скопје. За време на престојот во Тирана Маричиќ оствари средба и со македонскиот пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, а предвидено е во текот на денот да го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...